За друштвото

Друштвото за патишта на Република Македонија „VIA VITA“ (ДПМ), основано е во 1967/68 година во Скопје, како стручна асоцијација на градежните инженери и градежните техничари од областа на патиштата.Во текот на своето егзистирање, во некои градови и општини во Македонија биле формирани и секции на ДПМ – Општински друштва.

ДПМ се до распаѓањето на СФРЈ било член на Сојузот на Друштва на Југославија и активно учествувало преку свои претставници во сојузното Друштво, при носењето на сите одлуки и технички прописи.

По осамостојувањето на Република Македонија, ДПМ започнува со самостојна работа и учествува во сите активности од областа на патиштата.

ДПМ има свој Статут, Деловник за работа и Годишна Програма за работа, кое континуирано работи и ги бира своите управни тела.

Според статутот, ДПМ е доброволно, стручно професионално, непрофитно здружение (асоцијација) на граѓани.

ДПМ е колективен член на Инженерската институција на Македонија. ДПМ настојува да се зачлени во релевантните меѓународни организации од областа на патиштата.

Основни цели на ДПМ се:

  • Унапредување и развој на патната мрежа и аеродромите во Македонија
  • Унапредување, развој и поуспешно воведување на современите технички достигнувања од науката и технологијата на работење во областа на патиштата и аеродромите, законската и техничката регулатива
  • Залагање за стручно оспособување на своите членови, давање на стручна помош за што поуспешно решавање на проблемите од планирање, проектирање, изградба, реконструкција и одржување на патната мрежа и аеродромите.

При своите тековни активности ДПМ соработува со сродни друштва од Македонија, како и со сродни друштва од соседните земји: Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија и др.

ДПМ по подолг застој, повторно го издава научно – стручното и информативно списание „Патишта“, со меѓународен Уредувачки одбор.

Во рамките на своите амбициозни планови и настојувањата за подигање на повисоко ниво на струката во Македонија и инженерската фела, ДПМ го организира Првиот Македонски конгрес за патишта.