Македонијапат

Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта е формирано како Работна Организација за првпат во 1966, за во 1989 да го смени статутот во Јавно Претпријатие „Македонијапат“. Конечно, во 2019 согласно Преспанскиот Договор го добива сегашното име.

Претпријатието има повеќе работни задачи и обврски, меѓу кои:

  • редовно и зимско одржување на магистралните и регионалните патишта,
  • проектирање на помали објекти на патиштата,
  • асфалтирање на помали делници и крпење на ударни дупки,
  • проектирање, изработка и поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација
  • заштита на патишта,
  • автоматско и рачно броење на сообраќајот,
  • катастар на патишта и мостови,
  • информативна служба за состојбата на патиштата и друго.

Структурно е поделено на:

Дирекција, која ја координира работата на претпријатието;
Подружници, кои се одговорни за својот дел од патната мрежа, координирани од Дирекцијатa.