Теми на конгресот

Во нашата земја како и во регионот, во тек се значајни инвестиции во областа на патната инфраструктура. Големината на инвестицискиот циклус во патната инфраструктура кој се одвива во РС Македонија е во висина од преку 1 млрд евра, изразена преку изградба на 2 автопати, неколку експресни патишта и повеќе регионални патишта.

Од тука станува јасно дека изградбата на овие патишта, како и управувањето и одржувањето со нив, а секако и на постојната патна мрежа, претставува исклучително комплексна инженерско – економска задача.

Оваа исклучително одговорна задача поставена пред сегашната генерација на градежни инженери по патишта бара квалитетно планирање, проектирање и градење, базирано на најнови научно – стручни сознанија, користење на современи материјали и технологии, како и соодветна контрола.

Едноставно овие барања, ги наметнуваат и дефинираат темите на Првиот Македонски конгрес за патишта.

Теми на претстојниот Прв Македонски конгрес за патишта се следниве:

  • Планирање и проектирање
  • Управување, изградба, и одржување
  • Безбедност на сообраќајот на патиштата
  • Заштита на животната средина и одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Транспортна политика и финансирање
  • ITS и нови технологии во сообраќајот
  • Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти

Ги повикуваме сите домашни и странски експерти да земат активно учество на Првиот Македонски конгрес за патишта, на кој ќе ги изнесат своите научни и стручни сознанија по дадените теми.

Одбрани трудови од Првиот Македонски конгрес за патишта ќе бидат презентирани во Научно стручното списание „Патишта“