Пријава и котизација

 ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИ НА КОНГРЕСОТ СО ТРУДОВИ И БЕЗ ТРУДОВИ

Ве молиме да го потполните формуларот на оваа страна и на тој начин да се пријавите за учество на Првиот Македонски конгрес за патишта.

Задолжителните полиња за учесници со трудови, означени се со ѕвезда. Полето со број на телефон не е задолжително, но е пожелно заради побрза комуникација. Апстрактот може да содржи максимум 1.000 (илјада) карактери.

Задолжителните полиња за учесниците на Конгресот без трудови (висината на котизацијата е иста), треба да ги потполнат полињата до „Теми на конгресот“, каде треба да  изберат: „Пријава за учесник без труд“.

Ве известуваме дека Научниот одбор на Првиот Македонски Конгрес за
патишта 2019 го продолжи рокот за доставување на целосните трудови.

Вашиот целосен труд го очекуваме најдоцна до 07.10.2019 год.

По добивањето на Вашиот труд, во рок од 10 дена, ќе добиете известување
од рецензентската комисија за прифаќање на трудот.

Упатсвото за пишување на целосниот труд – темплејт можете да симнете од
ТУКА

Со почит,

Научен одбор
на Првиот Македонски Конгрес за патишта 2019

 

  1. РОКОВИ – ПОВАЖНИ ТЕРМИНИ ЗА ПРАЌАЊЕ НА АПСТРАКТИ, ТРУДОВИ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИ

 

Рок за праќање на апстракти 15. 7. 2019
Прифаќање на апстракти 25. 7. 2019
Рок за праќање трудови 30. 9. 2019
Известување за прифаќање на трудови 15. 10. 2019
Рок за пријавување на учесници 31. 10. 2019
Дата на конгресот (7 – 8). 11. 2019

 

Пријавување на учесници без трудови до:     30. 9. 2019 год.

 

  1. КОТИЗАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА КОНГРЕСОТ

 

  • За учесници од странство
До 1. 7. 2019 180 €
До 30. 9. 2019 200 €
По 30. 9. 2019 220 €

 

  • За учесници членови на ДПМ и коорганизатори
До 1. 7. 2019 100 €
До 30. 9. 2019 120 €
По 30. 9. 2019 130 €

 

За редовни студенти и постдипломци, следи попуст од 50%.

За докторанди, следи попуст од 25%.

Со една котизација овозможено е објавување на 2 труда од ист автор.

 

Во котизацијата е вклучено:

  • Присуство на Конгресот и на сите предавања
  • Примерок од печатениот Зборник на апстракти
  • Примерок од Зборникот на трудови на УСБ
  • Сите дополнителни конгресни и промотивни материјали
  • Коктел за добредојде
  • Освежување за време на паузите предвидени со Програмата на Конгресот
  • Ручеци предвидени со Програмата на Конгресот
  • Свечена вечера
  • Примерок од научно – стручното списание „Патишта“
  • Сертификат за учество на конгресот од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, вреднуван со 15 CPD поени (за членовите на Комората)

Напомена: Во котизацијата не е вклучено хотелското сместување!                         (види во хотелско сместување)

 

  1. ПРИЈАВУВАЊЕ

 

  • ПРИЈАВУВАЊЕ ПРАВНИ ЛИЦА – УЧЕСНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА

Пријавување на учесници на конгресот (со и без труд) чија котизација ја плаќа правно лице, се врши со праќање на потребните податоци (име и презиме на сите учесници, податоци за компанијата / институцијата: име, град, контакт телефон) на мејлот: contact@prvkongreszapatista.mk

По добивањето на профактура, можете да го извршите плаќањето. Во повикувањето на број, напишете го бројот на профактура.

 

  • ПРИЈАВУВАЊЕ ПРАВНИ ЛИЦА – УЧЕСНИЦИ ОД СТРАНСТВО

Пријавување на учесници на конгресот (со и без труд) чија котизација ја плаќа правно лице од странство, се врши со праќање на потребните податоци (име и презиме на сите учесници, податоци за компанијата / институцијата: име, град, контакт телефон) на мејлот: contact@prvkongreszapatista.mk

По добивањето на профактура и инструкции за плаќање од странство, можете да го извршите плаќањето.

 

  • ПРИЈАВУВАЊЕ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – УЧЕСНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА

Пријавување на физички лица учесници на конгресот (со и без труд), кои плаќаат котизација со налог за уплата, се врши со праќање на потребните податоци (име и презиме на учесникот, адреса, град, контакт телефон) на мејлот: contact@prvkongreszapatista.mk

По добивањето на профактура, можете да го извршите плаќањето од Вашата сметка. Во повикувањето на број, напишете го бројот на профактура.