Прв Македонски конгрес за патишта

Почитувани колеги инженери,

Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме на Првиот Македонски Конгрес за патишта, кој ќе се одржи на 7 – 8 ноември 2019 година во Скопје, во хотелот „Double Tree by HILTON“.

Очекуваме овој Прв Македонски конгрес за патишта да претставува успешен почеток на една традиција во организација на вакви научно – стручни собири.

Воедно, овој Прв Македонски конгрес за патишта треба да биде голем регионален собир на сите авторитети од областа на патиштата и тоа не само од соседните земји, туку и од Европа.

Првиот Македонски Конгрес за патишта се организира под Покровителство на Премиерот на Владата на РС Македонија, на иницијатива и во организација на Друштвото за патишта на Македонија (ДПМ), а во соработка со Градежниот факултет (ГФ), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Јавното претпријатие „Македонијапат“ и  Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ).

Овој Прв Македонски конгрес за патишта се организира во чест на неколку големи јубилеи и тоа:

  • 70 години од основање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
  • 70 години од основање на Градежниот факултет во Скопје
  • 50 години од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија.

Во прилог на Конгресот е и големиот инвестициски циклус во патната инфраструктура кој се одвива во РС Македонија во висина од преку 1 млрд евра, изразена преку изградба на 2 автопати, неколку експресни патишта и повеќе регионални патишта.

Теми на претстојниот Прв Македонски конгрес за патишта се:

  • Планирање и проектирање
  • Управување, изградба и одржување
  • Безбедност на сообраќајот на патиштата
  • Заштита на животната средина и одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Транспортна политика и финансирање
  • ITS и нови технологии во сообраќајот
  • Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти

Во оваа прилика, ги повикуваме сите домашни и странски експерти да ги презентираат своите истражувања и искуства во областа на патиштата по предвидените теми.

За сите учесници на Конгресот предвидена е котизација, со скала на попуст за рано пријавување. За докторандите и студентите на постдипломски студии на Градежните факултети следи дополнителен попуст.

Истотака, ги повикуваме сите домашни и странски компании да ја помогнат организацијата на овој голем меѓународен собир, преку промоција и реклама на нивните компании, со одбирањето на еден од спонзорските пакети.

 

Контакт:
Друштвото за патишта на Македонија „Via Vita“
(Градежен факултет)
П. Фах 560
Бул. Партизански одреди бр. 24
1000 Скопје
E-mail: contact@prvkongreszapatista.mk